Хељдата е позната како сојузник за добра меморија и виткост.
Хељдата потекнува од централна Азија, богата е со калиум, фосфор, магнезиум, цинк, калциум, железо и јод. Покрај тоа, таа изобилува со витамините од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б5, Б6), како и витаминот П кој помага во намалување на крвниот притисок.
Хељдата се препорачува за дијабетичари, постари лица и лица со дигестивни нарушувања. Исто така, хељдата не содржи глутен и е погодна за алергични лица. Таа е богата со протеини и се користи во вегетаријанската исхрана. Употребувате ја во секојдневната исхрана, бидејќи таа обезбедува енергија, содржи многу минерали, витамини, амино киселини и влакна.
Хељдата ја подобрува меморијата, а комбинацијата на цветовите и лисјата од хељдата ги лечат кардиоваскуларните проблеми. Хељдата е одличен избор за оние кои сакаат да ја повратат изгубената енергија и да ја ублажат несоницата и последиците од стресот. Со конзумирањето, можете да ја забрзате циркулацијата и да го намалите лошиот холестерол.