Мебел за вашите домашни миленичиња
Северус Лиан и Хао-Вен Чанг го претставија брендот Peek A Boo, уникатен мебел за мачки во кој можат да уживаат подеднакво со нивните сопственици.
Флексибилните делови од овој мебел се покриени со ткаенина која наликува на кожа со триаголни отвори кои им овозможуваат на мачките да уживаат во пријатна температура додека лежат, а дополнителните триаголни парчиња му овозможуваат на корисникот на мебелот да додаде малку геометриска декорација.