И покрај фактот што полека се доближуваме до есенската сезона, парискиот бренд Dior припреми фантастично модно изненадување во вид на модни додатоци, со кои во студените денови на следната сезона, ќе имате можност своите модни комбинации да ги обоите со веселите нијанси на летото.
Моќната колекција на очила е наречена Dior ColorQuake, а нејзиното име е инспирирано од изразот youthquakers, дадено од уредничката на магазинот Vogue Diane Vreeland, со која ја дефинира новата движечка енергија на помладата генерација.