Дизајнерката на венчаници со триесетгодишна кариера, одлучи смело да креира со живописни и раскошни бои за нејзината колекција Bridal Spring 2019.
Vera Wang со својата најнова колекција, сакаше да ги отфрли поставените стандардни бои за венчални фустани како што е белата, перли и традиционалната тантела, а ги понуди своите фустани оплеменети со текстури со смели бои, како што се огнено црвена, сончево жолта и лаванда нијанси, притоа не отстапувајќи од своите препознатливи сензуални силуети.