Сите знаеме дека родителите и децата често се расправаат. Но сега знаеме и колку често е тоа.
Точно 2,184 пати во просек годишно. Или околу 6 пати на ден, според истражувањето спроведено од компанијата Capri-Sun.
Родителите ќе излезат како победници од расправијата само во околу 50 проценти од случаите. Исто така, 5 пати на ден ќе мора да се согласат на одреден вид компромис со своите деца, за да го зачуваат мирот во куќата.
Еве ја целата листа на чести теми за расправии:
– Децата не сакаат да спијат
– Јадење слатки пред оброк
– Тепачките помеѓу браќата и сестрите
– Децата не сакаат да изедат сè од чинијата
– Неуредни соби
– Децата сакаат да трошат повеќе време пред екраните отколку што е дозволено
– Децата не сакаат да ги мијат забите
– Домашна работа
– Децата велат дека се гладни, но нема да посегнат по здрава храна
– Децата велат дека се сити, но предходно ништо немаат јадено