Провинцијата Guizhou се наоѓа во јужниот дел на Кина и тукушто што стана дом на најголемиот вештачки водопад …
Овој неверојатен елемент е всушност дел од зградата Liebian International Building во Guiyang, а користи четири огромни пумпи за да рециклираната вода од подрумските резервоари ја крене до врвот 121 метар, каде што таа го започнува својот пад.
Самата зграда и водопад се завршени пред две години, но самиот водопад досега бил вклучен само шест пати – единствената причина за тоа е високата цена на одржување на опремата за водопадот – еден час користење на пумпите чини 117 долари.
Инаку, оваа градба е проект на Ludi Industry Group, чиј директор Cheng Ksiaomao откри дека истата, содржи канцеларии, бутици и луксузен хотел.
Зборувајќи за инспирацијата на дизајнот на зградата, тој рече: “Guijang е град- планина со многу дрвја, како шума. Сакавме да создадеме нешто што ќе создаде чувство на вода и зеленило, дури и во делот на градот каде што сте опкружени со облакодери.”