Најновата кампања на брендот Гучи ги содржи Sylvie торбите, во речиси сите бои и форми, кои сега се достапни …
За фотографиите, италијанскиот моден бренд ја ангажираше наградуваната актерка Феј Данавеј и францускката пејачка, текстописец и актерка, Соко. Овие две ѕвезди позираа во луксузни средини, давајќи ни го на увид животот на ултра-богатите.
За да се прикаже врската помеѓу типичната холивудска мајка и ќерка, кампањата е исполнета со слики од убави окружуања, вклучувајќи раскошна лимузина, шопинг на познатиот Родео Драјв и уживање покрај базенот. Од гледна точка на Соко, можеме да видиме како се создадени овие фотографии. Sylvie торбата игра фиктивна улога во фотографиите, а може да се види во разни бои, како што се црвена, црна, кроко и така натаму.