Како што налага традицијата на ИКЕА, средината на септември е резервирана за презентација на нова колекција на мебел.
И покрај тоа што од лансирањето на новиот каталог за 2019 година нè дели еден и пол месец, погледнете ги фотографиите на едиторијалот, по што дефинитивно ќе посакате реорганизација на вашиот животен простор.
Во фокусот на новата колекција на ИКЕА има софистицирани, минималистички форми и нежни, пастелни тонови кои уживањето во удобноста на вашиот дом ќе го направат уште попријатно.