НАЈНОВ ТИП НА ЧЕВЛИ:
Прво треба да испечатат, а потоа да се облечат.
Тие изгледаат како скап накит за нозете и на прв поглед изгледаат многу неудобни.
Американската компанија Ica & Kostikа го лансираа овој нов модел на женски чевли под линијата “Mycelium”, но ги нема во сите големини. Овие чевли, покрај нивниот изглед, се специфични и по начинот на изработката. Сите заинтересирани купувачи треба да ја симнат апликацијата, преку која ќе ги фотографираат своите стапала.
Алгоритмот специфичен за апликацијата, потоа создава уникатна скица по која 3D печатарот печати чевли. Цената им е позната само на сериозните купувачи. Досега се направени само пет пара чевли.