Викторија Бекам ја покажа својата нова колекција за Reebok, инспирирана од еден од најпознатите НБА играчи на сите времиња – Шејкил О’Нил.
Колекцијата на британската модна дизајнерка се состои од кратки ракави, худи и чорапи во црно-бели варијанти со црвени детали и автентични карактеристики – уникатната силуета на кошаркарската легенда.
“Кога мислам на Reebok, мојата прва асоцијација се 90-тите и кошарката. Веднаш се спотсетувам на Шејкил О’Нил, легендата што ја обележи целата ера на овој спорт “, рече Викторија Бекам, додавајќи дека овој познат кошаркар е нејзината инспирација за создавањето на најновата колекција на Reebok x Victoria Beckham.