Zara започна со кампања на која можат да и позавидат најлуксузните модни брендови во светот, а освен раскошот на бои и изборот на дезени и ткаенини, модниот фотограф Стивен Мејсел е исклучително заслужен за овој впечаток.
Презентираната колекција ни прикажува единствена фузија на живописниот источен стил и современото облекување. Меѓу клучните парчиња се кадифените миди фустани во загасени бои, кимона со макси должина и елегантни свилени кошули украсени со преголеми машни..
Кога станува збор за модните додатоци, во колекцијата доминираат монохроматски марами од традиционалната носија на Блискиот Исток, масивни ремени и накит во златни тонови, кои совршено се вклопуваат со чантите со големи токи, чизми и чевли со високи платформи.