Опстипација или запек е се почеста појава, а се јавува како последица на забрзаниот начин на живот, неадекватната исхрана, слаб внес на течности, како и недостатокот на физичка активност.
Влакната од билките се најзаслужни за редовна столица, бидејќи тие влијаат на конзистентноста на столицата, заради способноста да се врзуваат со водата. На овој начин, се набабрува и се зголемува износот на столицата и ја потикнува работата на дебелото црево.
3 намирници кои се одличен извор на растителни влакна:
Лен
Ленот го содржи витамин Е и витамините од Б групата, потоа калциум, магнезиум, калиум, цинк и фосфор. За неговата ефикасност во случај на овој проблем, највредните се растителни влакна.
Ленот може да се измеша со јогурт, кефир или обична вода и да се користи секој ден неколку недели, додека да се постигнат резултатите.
Chia семиња
Многу популарно во последно време, семето на chia, може да биде состојка на скоро секој оброк заради својот неутрален вкус. Богато е со растителни влакна и антиоксиданти, а содржи многу магнезиум, што е многу важно кај опстипацијата бидејќи тој доведува до раздвижување на цревната содржина. Дневно консумирајте до 20 грама chia семе.
Пченични трици
Пченичните трици се мелнички производ во производството на жито, што всушност е надворешната обвивка која има исклучително висока содржина на растителни влакна и претставува одличен лек за запекот и елиминирањето на токсините од телото.
Дневната потреба за растителни влакна кај луѓе кои имаат опстипација изнесува 30-35 грама.