Аруба е острово кое му припаѓа на Карипските острови и претставува вистинска дефиниција за рајот.
Опкружено со 11-километарски долги бели песочни плажи и надреално сини води, ова острово е сон на сите оние кои не очекуваат ништо помалку од тропска бајка. со врвна можност за забава и урбана архитектура, во стилот на големите западни градови.
Покрај убавина која го краси, Аруба се карактеризира со одлична географска позиција која обезбедува голем број на сончеви денови и безбедност од урагани, кои инаку се карактеристични за оваа област.
Ако се најдете на ова волшебно место, не смеете да го пропуштите пливањето во природниот базен Conchi, посетата на фармата со егзотични пеперутки и адреналинското возење со теренско возило по целото острово.
Сепак, една од најпознатите туристички атракции на Аруба е приватното острово Renaissance, одалечено 8-минути возење од главниот град Oranjestad, каде што посетителите имаат можност да уживаат на плажа, која е главното живеалиште на големо јато на фламинга.
Симпатичните и убави розова птици се населиле на оваа плажа, малку повеќе од петнаесетина години, а дружењето со нив е уникатно и исклучително доживување.