Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Николија Колевска
Николија Колевска е аматер кој се стреми кон професионализам. Нејзин најголем предизвик е да фотографира романтични сцени. Користење на алатките на Pixlr: осветленост, сенки, осветлувања, контраст…
Победничката фотографија е направена со мобилен телефон во Polycastro, Грција со мобилен телефон, а е едитирана во Lightroom CC.
Контакт со Николија можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (nikolija.kolevska@yahoo.com).
Огнен Бојковски
Огнен Бојковски се занимава со професионална фотографија веќе 10 години, а омилен правец му е „landscape“ фотографијата, додека најголем предизвик му е да ја фотографира природата, поради нејзината честа преобразба и проникливост.
Победничката фотографија е направена со Nikon D800 и Nikkor 50mm на Бистра, а едитирана е во Photoshop.
Контакт со Огнен можете да остварите преку Facebook, Instagram или преку неговиот вебсајт.
@e_vishinka