Англиската уметница Кејт Честер, со седиште во Ливерпул, создава рачно изработени дрвени даски за сечење, кои изгледаат како уметнички дела …
Инспирирани од природата, секој уникатен дизајн што го произведува ја крие суштината на природните пејзажи. Од океанското сино до вител како облакот, Честер користи различни нијанси на акрилик кои се комбинираат убаво и создаваат неверојатна фузија на бои и модели. Како што вели уметницата:
“Отсекогаш бев фасцинирана и воодушевена од небото и светлината, па тоа е и мојата цел, да создадам уметнички дела кои го доловуваат тоа чувство кое предизвикува стравопочит, што секој драматичен пејзаж го буди кај луѓето”.