.Формите и боите кои можеме да ги видиме на сликите на Дејвид Хокни, се реинтерпретирани во овој ресторан во Берлин, кој настанал како дело на Естер Брускус Архитектин …
LA Poke, ресторан кој служи Poke храна во хавајски стил е базиран по сликата A Bigger Spash на Дејвид Хокни од 1967 година, а која претставува прасок на вода во базенот, покрај вилата на овој уметник во Малибу.
“Овој ресторан е отелотворение на опуштеното расположение и амбиент на Западниот брег, според мене,” вели архитект.
Свежите пастелни нијанси на розевата и сината боја се протегаат тука и таму, со тонови на жолта, сина и црвена. За да го претстават базенот на Хокни, овие бои се пратат со мебел од цевки, рефлективни површини од нерѓосувачки челик и интересни подлоги. Линијата на хоризонтот во ниво на очите, ги пресекува ѕидовите во предниот дел на ресторанот.