Фирмата Fuchun New Century Wonderland Resort има изградено пет необични хотелски соби инспирирани од локалниот дизајн, чии структури го репродуцираат обликот на традиционалните дрвени рибарски чамци на реката Фучун во Кина.
Собите имаат простор од над педесет квадратни метри, а според зборовите на архитектите кои работеле на овој проект, објектите се изградени врз угледот на традиционалните рибарски бродови, како што велат “неколку стотици години на бреговите на оваа река живеело племе кое создало автентична култура”.
Овие пет соби се спуштаат меѓу дрвјата, додека две третини од објектот се над езерото. Изработени од стакло и дрво, овие невообичаени лебдечки куќи се дел од големото кинеско наследство, бидејќи начинот на производство целосно ја следи традиционалната архитектура на поднебјето …