Во екот на летната сезона, шведската модна куќа лансираше уште една колекција која изгледа како моден сон на сите љубители на релаксираната морска атмосфера.
Инспирацијата за оваа колекција, познатиот бренд ја пронајде во дивите и рустичните области на јужна Франција, како што и симболично се нарекува модниот едиторијал Riviera Dreaming.Во оваа нежна кежуал колекција можат да се најдат класични модели на едноделни костими за капење, кошули, ретро фустани и популарни топови “off the shoulder”, а има и неизбежни модели од џинс, кои претставуваат неприкосновени владетели меѓу парчињата со најголем потенцијал за комбинирање