Францускиот моден бренд Шанел доби нова амбасадорка, станува збора за Пенелопе Круз.
Шпанската актерка Пенелопе Круз ќе го краси овој бренд како лик на ексклузивната cruise кампања, која ја дизајнираше и фотографираше Лагерфелд. Таа ја изрази радоста што се приклучи кон Шанел лигата на амбасадори и рече: “Тоа е огромен светски бренд, а Карл е гениј. Се восхитувам на сето она што го има направено уште од мали нозе, па ми претставува големо задоволство да работам со него. Тој е крал на модата и имавме многу интересно снимање. Дури и позирањето пред леќата на неговиот фотоапарат е вистинска авантура”.