Викендов, во центарот на Охрид ќе се одржи вториот планиран турнир оваа година и тоа не каков било турнир туку FIBA Endorsed SATELLITE!
Турнирот ќе биде од меѓународен карактер, а веќе неколку екипи од Европа го пријавија своето учество! Освојувачите на првото место ќе добијат 2.000 евра парична награда како и место (slot) на Challenger-от кој ќе се одржи во Љубљана (17. и 18. август) додека второпласираната екипа ќе освои само парична награда во висина од 1.000 евра.
Ги охрабруваме сите баскетџии кои се ’најсилните шизици во маало’ да се пријават на овој турнир и да ја демонстрираат својата надмоќ на теренот во ’европскиот Ерусалим’.
Времето истекува!
Охрид; 21. и 22. јули, 2018 година!
FIBA ENDORSED 3X3 SATELLITE
Бидете таму!