Доколку постои боја создадена за секоја сезона, за секој временски период и се комбинира со речиси сите стилови, тогаш таа боја без сомнение е сината …
Ниту една друга боја нема трајна популарност како сината и сите нејзини неверојатни нијанси. Секој син тон може да се комбинира со други бои, без мака. Покрај тоа, не мора да се грижите за тоа дали сината е популарен избор, бидејќи неа едноставно не и се намалува популарноста и покрај постојаното менување на трендовите.
Всушност, кои бои всушност најдобро функционираат со сината, е прашање кое самото се наметнува кога ги декорираме и ги редизајнираме нашите домови?
Најдобритете бои кои можете да ги комбинирате со сината, зависат од нејзините нијанси, по ваш избор, но исто така и стилот што сакате да го постигнете.
Ви презентираме некои од комбинациите кои го претставуваат првиот избор на дизајнерите: бела и сина, сина и сива, сина и жолта, сина и розова и додавање на портокалови акценти.