На многумина, споменувањето на папучите Биркенсток им ја крева косата на главата. Сметааат дека не се привлечни, а некои девојки велат дека не би ги облекле ни за жива глава!
Но во последниве години, тие почнаа се повеќе да им се допаѓаат, така да сега ја доживуваат вистинската кулминација во однос на популарноста. Речиси не постои бренд кој не го копираше нивниот анатомски дизајн, а овие нови папучи од брендот Луј Витон, се тие што го сакаме за летово.
Дизајнирани да бидат удобни, во комбинација на телешка кожа и анатомски ѓон, достапни се во три бои – светло розева, металик златни и класични, со LV монограм во кафена / црна боја.