Најдобрите пијалоци никогаш не се наоѓаат во обична амбалажа.
Toa посебно e случај со извонредните коњаци со потписот Maison Hardy, легендарна француска куќа основана во 1863 година од страна на англискиот џентлмен Antony Hardy.
Денес, Benedikt Hardy, е петтата генерација производители на коњакот и служи како меѓународен амбасадор за Hardy кој е пионер во филозофијата на високата мода.
Шишето кое е креирано од престижната куќа Lalique е исполнето со ретка и драгоцна мешавина на коњаци од мали буриња од територијата на регионот Grande Champagne.
Женствената силуета се чувствува при самиот поглед на шишето, од сите луксузни шишиња кои до сега се направени за овој бренд.
Кристалното шише е спектакуларно крунисано со зелен затворач во форма на бадем и има етикета од House Printemps која се однесува на предмети кои се издвојуваат со својата посебна убавина. Тоа е креација на Rene Lalique од почетокот на 20-от век, а дизајнот на шишето има убавина како најфините парчиња на парфеми.