Оваа вила е прекрасно осветлена и претставува идеална оаза на мир, за сите љубители на релаксирачки погледи кон океанот …
Вилата “Авалон” се наоѓа на врвот на Bangalley Head, помеѓу Avalon и Whale, во Сиднеј. Иако се нарекува Lighthouse, таа не е креирана како светилник, туку едноставно, зрачи со светлината што продира во секој нејзин агол.
Со поглед на Тихиот Океан, оваа вила има прозорци од подот до таванот, а нејзиниот ентериер е исполнет со марокански и грчки акценти, со цел да создаде атмосфера која наликува на Санторини и живописниот карактер на Синиот град. Опремена со греани бетонски подови, оваа вила е гостопримлива и нуди многу простор за дружење, релаксација и уживање.