Иако сме на сред лето, модните куќи веќе размислуваат за есента.
Мораме да признаеме дека некои колекции се подобри од било кога.
Coach е уште еден луксузен бренд кој овој месец ќе ја објави својата кампања за есен 2018 година.
Одлично е, што Стјуарт Виверс за кампањата уште еднаш се одлучи да ја ангажира својата омилена муза и амбасадорка на брендот, Селена Гомез.
Пејачката позира во комбинации за кои се очекува да бидат многу барани за време на постудени денови.