Дизајнерот кој стои зад популарните Volkswagen и BMW автомобили, претстави нов модел на велосипед со педали, што ќе им овозможи на љубителите на велосипедизмот да уживаат во нивните омилени спортови на вода.
Red Shark Bikes предводени од Jozseph Rubaum, започнаа со производство на три верзии на велосипеди.
Red Shark – Fun, за оние кои сакаат да ги подобрат перформансите, авантурата и спортот – специјално дизајнирани за луѓе кои сакаат авантура и откриваат нови места.
Adventure model е опремен со водоотпорен простор за складирање, како и појачан слој од пластика на долната страна, а спортскиот модел е речиси целосно направен од лесни јаглеродни влакна.
Сите три модели имаат способност да го соберат кормилото, како и погонската оска што не ‘рѓа во солена вода. Цената на Red Shark водениот велсосипед се движи од 5.000 до 10.000 евра.