На линии, со точки, цвеќиња, лубеници, карнери, длабоки изрези – сето ова е дозволено кога станува збор за трендовски костими за капење за оваа година.
За оние кои сакаат да ја покажат својата дива страна идеален е анимал принтот, додека за романтичарките најдобар е цветниот дезен.
Најхрабрите на плажата, ќе се одлучат со длабоко изрези на костимот за капење (едноделен), без страв дали повеќе открива или покрива.
Она што е најважно, треба вашиот костим за капење да ви е удобен, пријатен за носење и брзо да се суши.
Бидејќи се застапени многу трендови, вие сигурно ќе се вклопите барем во еден од понудените.