Дронови носеа торби, а благороднички се најдоа во улогата на модели!
Ако има нешто што Dolce & Gabbana не можат да го поднесат, тогаш тоа е минимализмот.
Успешната италијанска модна куќа на модната недела во Милано им ги претстави на љубителите на модата новите модели кои се за паметње, а покрај раскошните парчиња и бои кои владееја на модната писта, ревијата беше беше обележана и со прекрасната внука на принцезата Дијана, која беше во улога на модел.
Наречена “Тајни и дијаманти”, италијанската модна куќа ја претстави најновата колекција за наредната есен / зима 2018 година, а исто како и во претходните колекции на Dolce & Gabbаna и во оваа, преовладуваше игра на бои, дезени и модни додатоци како и необични комбинации.