Yves Saint Laurent ја започна кампањата за зимската колекција, одбирајќи ја Kate Moss какао заштитно лице.
Легендарниот британски модел чија автентична појава не престана да ги краси едиторијалите на најпознатите модни брендови речиси три децении, блесна во кампањата на луксузната марка.
Модната ветеранка и хероина на шик стилот Kate Moss, позираше во улога на модерна сирена насукана на песочна плажа.