Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Доријан Миловановиќ
Доријан е фотограф – аматер кој се стреми кон професионализам, а зад себе има веќе неколку проекти и награди. По професија е филмски монтажер а има и искуство со визуелни уметности.
Победничката фотографија е направена во чекална во болница.
Повеќе за работата на Доријан можете да дознаете на неговото портфолио, а воедно и да воспоставите контакт.
Гага Угуровска
Гага е фотограф – аматер, која веќе зад себе има неколку професионални ангажмани за фотографирање на храна.
Победничката фотографија е направена во кафе бар во Барселона со NIKOND3300, 18-55mm, а е едитирана во Instagram.
Контакт со Гага можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram.
Горјан Славковски
„Фотографијата ја гледам како зачувување на убавите моменти за себе, но и како начин за доловување на убавините од овој свет за останатите, мотивација за сите да уживаат.
Како љубител на планината, секогаш имам посебна инспирација за фотографија при моите „прошетки“ на планина, било дали е тоа планинарска тура, велосипедска или скијање. Фотографиите од моите патувања исто така ми се едни од омилените, а посебно предизвикувачки за фотографија ми се зајдисонцата.“
Контакт со Горјан можете да вопоставите на неговиот Инстаграм профил.