Диор тукушто ја претстави колекцијата за сезоната есен / зима 2018 -2019 година во Музејот на Роден во Париз.
Модната ревија на Диор се одржа во спектакуларен амбиент со исклучително софистицирана сценографија со која сакаше да ја пренесе одличната креативност на високата мода, како и потрагата по беспрекорноста, која го краси секој дизајнер на оваа модна сцена.
Диор им остана верен на своите карактеристики: дамски, софистицирано и облагородено со шармот на стариот Холивуд.
Главната дизајнерка на Диор, Марија Грација Кјури, ја искористи можноста да испрати силна порака до светот за високата мода. “Ние живееме во време кога идејата за високата мода е искривена, имајќи во предвид дека општеството цврсто верува дека станува збор за скапа и недостапна екстраваганција. Вистината, сепак, е далеку поинаква “.
