Шарени, надреалистички, позитивни и разиграни фотографии од мексиканскиот уметник Емануел Карвајал, тешко дека ќе остават некого рамнодушен.
Тоа што се случува на неговите фотографии на Instagram (Instagram/ @emmanuelcarvajal) е сосема нов минималистички, апстрактен и живописен свет насликан со бои на виножитото, додека уметникот постојано си поигрува со движењата и композициите, што често овозможува целосна дигресија при создавањето на еуфоричните и светли поставки.
Ако се чувствувате нерасположено, еден поглед на неговиот Instagram несомнено ќе ви го разубави денот и ќе ја врати насмевката на вашето лице.