Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Светислав Подлешанов
Како режисер со огромна пасија за фотографија, Светислав несебично ја споделува убавината на моментите поминати во планина преку окото на вистински уметник.
Победничката фотографија симболизира превртено зајдисонце на Баба планина, а е фотографирана со Panasonic Gx80 + 35mm + var.ND, а едитирана е во Фотошоп.
Контакт сп Светислав можете да воспоставите преку неговиот email: spodleshanov@gmail.com и Instagram.
Елена Младеновска
Елена е фотограф – аматер која инспирацијата за своите фотографии неуморно ја црпи од природата, а посебно од цвеќињата. Фотографира со Nikon coolpix p600 и iphone7 plus.
Победничката фотографија е направена на фери брод за Закинтос низ еден прозорец каде што се гледа размена со друг фери брод.
Контакт со Елена можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram.
Зорица Петкоска
Зорица Петкоска работи за јапонско списание во Токио и често во самиот склоп на работата таа ги искористува своите професионални фотографски способности. Најголем предизвик да фотографира на Зорица и е магичниот склоп на луѓето и уметноста од која не може да се избега, архитектурата.
На победничката фотографија е претставен водопадот Kegon, кој се наоѓа во националниот парк Nikki во Јапонија. Направена е со Samsumg NX3000.
Со Зорица можете да контактирате преку нејзиниот Инстаграм или e-mail. zorica.petkoska@yahoo.co.uk