Најскап милкшејк на светот!
Еден ресторан во Њујорк, го служи најскапиот милкшејк на светот кој содржи ванила од два острови, сладолед од Англија и специјално злато кое се јаде..
Веруваме дека сите деца го сакаат милкшејкот. Но, еве еден освежувачки за возрасни, пособено за оние со подлабок џеб, бидејќи овој чини неверојатни 100 долари.
Легендарниот ресторан во Њу Јорк Serendipity 3 кој е познат во целиот свет по екстравагантните јадења и десерти, вклучувајќи го и најскапото сирење на скара, најскапиот хот-дог или Frozen Hot Chocolate, сега го лансира Luxe Milkshake, кој е официјално најскапиот милкшејк во светот.
Освежителниот пијалак се служи во висока “Crystal Ninja” чаша која е опточена со 3000 кристали Swarovski, додека самиот пијалок е приказна за себе.
“Голема чест и задоволство е да се биде награден со титулата Guinness World Records – Најскап милкшејк на светот. Јас сум возбуден што можеме да додадеме уште еден екстравагантен напиток на нашата листа “, вели Џо Калдероне, креаторот на овој милкшејк.