Кога се работи за трендовите, не треба да се обидувате да ги пратите по секоја цена, бидејќи фактот дека некој тренд е актуелен не значи дека истиот му одговара на вашиот стил, години или лични преференции.
Затоа секоја година модните куќи се обидуваат да исфрлат неколку трендови, со цел да ги задоволат потребите на сите современи мажи.
Така е и со шорцевите за пливање. Оваа година можете да ги одберете моделите и боите кои ви се допаѓаат најмногу, а на располагање ви се со воени отпечатоци, на линии, со цвеќе, монохроматски шорцеви или со ретро изглед.
Овие пет трендови доминираат кога се работи за машките шорцеви за капење:
Action Man – за мажи од акција – со војничка шара
The White Stripes – наутички или морнарски стил со линии – француски стил на плажа
Flower Power – голем тренд, а не делува воопшто женствено
Block Party – еднобојни, во силна боја – на плажа сакате да играте на сигурно
Old School – модерен е ретро изглед во стилот на Џејмс Бонд, а кој најмногу одговара со ретро модел очила за сонце