Сао Паоло, Бразил
Сао Паоло е најголемиот град во Бразил. Таму ќе се сретнете со неверојатната разноликост на уметноста, културната сцена и кулинарство, така што на моменти ќе сфатите дека бил во право тој што кажал “Лондон во врска со Сао Паоло, е како село” …
Тука ноќниот живот е приказна сама за себе. Има околу 15.000 барови во градот, а овој град е набиен со толку силна позитивна енергија што веројатно се должи на разновидноста на културите која ја донеле доселениците. Тука живеат повеќе од еден милион Германци, како и најголемата популација на Јапонци и Италијанци во дијаспората.
Не пропуштајте да го пропуштите делот Jardins , кој е рај за Епикурејците.
Еден фантастичен микс, ете тоа е накратко Сао Паоло.
Буенос Аирес, Аргентина
Познат како главен град на Јужна Америка, овој динамичен град е главната дестинација за секој кој патува во Аргенитина. Богат ноќен живот, просперитетен град и атлантскиот брег со прекрасните плажи, го прават ова неверојатно место вредно за вашата посета.
Обавезно да го посетите најстарото кафуле во градот – Cafe Tortoni. Театарот Colon, дел од градот од 1908 година е уште едно место кое е вредно да се види. Не заборавајте на живописните населби, како што е La Boca, каде што ќе наидете на силно италијанско влијание од првите емигранти од Џенова.
Буенос Аирес е еден од најубавите градови на светот со архитектура која ги комбинира влијанијата на Мадрид, Париз и Барселона (необарок, еклектицизам, француски неокласицизам, Арт Нуво) со геометриски планирани улици и плоштади украсени со споменици и пространи зелени површини.