10 клучни модни додатоци кои треба да ги имате за стилски летен одмор:
Сламена шапка
Сламената шапка е трендовски додаток кој ќе ве спаси од сонцето и ќе ве направи да изгледате модерно. Имајте на ум, дека ободот на шапката треба да биде доволно широк.
Фустан
Фустанот е задолжителна работа во вашиот куфер и подобро е да ги имате неколку. Најфотогенични и најромантични се фустаните кои ги откриваат рамењата.
Фустан во фламенко стил
Фустан во стил на шпанските танчерки со силни бои е еден од најпосакуваните во оваа сезона.
Бела кошула
Белата кошула е идеална за дневни и вечерни прошетки и ќе го потенцира вашиот тен тен. Се вклопува апсолутно со целата облека, без разлика дали тоа се фармерки, шорцеви или панталони.
Широки пантолони
Одберете широки панталони за остатокот од денот од природни материјали. Овој модел е погоден за сите, без оглед на возраста.
Мајца на врзување
Мајца на врзување е модерно парче на сезоната и е неопходна за деновите на одмор.
Кимоно
Кимоно – универзално парче за создавање модерен стил. Можете да носите кимоно со костим за капење или во комбинација со фармерки и бермуди.
Голем пешкир за плажа
Голем шарен и лесен пешкир е одлична замена за тешките пешкири и покрај тоа се неверојатно фотогенични. :)*
Турбан или лента за глава
Турбанoт е стилски додаток за деновите на одмор и ги спасува сите оние дами кои се загрижени за фризурата по капењето. И оваа сезона овој моден додаток е неверојатно модерен.
Торба за плажа
Торбата за плажа е важна работа која совршено се вклопува со вашата летна гардероба, а е корисна и кога не сте на одмор.