Целта на дизајнот на овој стан била максимално искористување на природната светлина.
Станот има околу 200 м2, а дел од неговото реновирање вклучувало промена во распоредот на просториите, така да циркулацијата низ станот е подобра, како за децата така и за сопствениците на миленичиња.
Главната спална соба има два стаклени ѕидови врамени со црн геометриски дезен кој ја пропушта светлината во просторот и ги држи линиите на станот отворени, со цел да се создаде проsирна атмосфера.
Светли, неутрални тонови се спарени со декорирани акценти на бои, со модерен мебел и разиграни дизајнирани детали. Подовите се покриени со златни дезени кои се менуваат во различните простори.
Кујната има детали во форма на сини и бели плочки, со шпорет и аспиратор од ист стил, украсени со розови флексибилни панели, вешто скриени кабинети и полици.