Креативниот директор на модните куќи Фенди и Шанел Карл Лагерфелд ја даде на продажба неговата резиденција, која се наоѓа во еден од најлуксузните делови на неговиот роден град Хамбург.
Вилата наречена Strong е лоцирана во областа Бланкенезе и е именувана по животниот партнер на Лагерфелд, кој починал во 1989 година.
Резиденцијата била изградена во далечната 1920-та, инспирирана од класичната италијанска архитектура. Овој софистициран дом се протега на повеќе од 12.000 квадратни метри, со три раскошно опремени спални, прекрасен дневен простор и тераса со поглед на реката Елба.
Во куќата доминираат одбрани парчиња дизајнерски мебел кои создаваат идеален контраст со традиционалната архитектура на куќата.
Оваа куќа на пазарот на недвижности достигна вредност од 10 милиони евра.