Прикажана во Лос Анџелес, новата колекција на Џереми Скот за брендот Moschino има интересна, екстравагантна, циркуска тема, наменета за пролет 2019 година.
Модната колекција е полна со парчиња кои беа создадени како омаж кон класичните карневалски трупи. Од циркузанти во внимателно кроени сакоа и силни жени и мажи во животински дезени, па се до кловнови во огромни парчиња и забавувачи со пердуви, Скот дефинитивно претстави ревија која ќе биде запаметена.
“Ја гледам мојата улога во модата како оној кој ја носи забавата. А што е позабавно од циркусот? “Рече познатиот дизајнер.
Погледнете ги нашите фаворити од ревијата …