Данската дизајнерка Sesil Manc дизајнираше колекција на минималистички мебел за брендот Gloster.
Новата колекција Atmoshere содржи серија наменета за трпезарии, инспирирана од интеракцијата со пријателите, семејствата и паровите во областа за седење.
Во оваа серија има фотељи, две софи, отоман, масичка за кафе, две клупи за јадење и две трпезариски маси.
Предметите се малку пониски од сличните стандардни предмети, бидејќи SesiL сакала да создаде чувство на поголема интимност и порелаксиран ефект додека седите и разговарате со пријателите или членовите на семејството.