Колумбиската кантавторка Шакира го продава својот неверојатен дом во Мајами Бич
Ставен на продажба по цена од 11.648 милиони долари, овој неверојатен дом кој можете да го видите во галеријата поседува 900 квадратни метри луксузен простор за живеење. Оваа вила со поглед на водата има шест спални соби и седум купатила и е украсена со палми, жива ограда и разни растенија во дворот, додека внатрешноста на атмосферата е толку рафинирана што лесно ќе го освои секој кој ќевлезе внатре.
Добро изложените уметнички дела, мебелот изработен по мерка, рачно изработените декоративни огледала и венецијанските ѕидови од гипс, сосем сигурно придонесуваат за привлечноста на овој имот, додека високите тавани и чистите бели ѕидови во комбинација со дрвените подови даваат модерна и воздушна аура за целиот амбиент.
Во дворот има базен, додека летната кујна е одлична за вистинско расположение и забави на отворено.