MANGO ги спои своите #mangogirls за да ја отворат официјално летната сезона покрај базен во „Casa Uriach“
Совршеното летно сценарио е доловено преку интимните муабети под сонцето. Нема ништо подобро од забава покрај базен, црпејќи инспирација за летото и патувањата со #mangogirls девојките.
Во колекцијата преовладуваат „сончеви“ нијанси како жолта, портокалова и црвена, но и неутрална бела боја. Парчињата се збогатени и со декоративни шари со „paisley“ мотиви – во облик на солза, шара која потекнува од персиската култура, како и пругасти шари и различни текстури. Не ги заборавајте деликатните додатоци – обетки инспирирани од морскиот свет и ретро очилата за сонце кои се задолжителни.