Иако сите до сега, го визуелизираа брендот Mayanas на море, сол, сонце или на некој прекрасен остров, ова лето Mayanas ве носи подалеку од градот – на “western” ранч.
Слободата, додека со ветер во косата јавате на прекрасен коњ и уживате на свеж воздух подалеку од реалноста која сите по малку не оптеретува, овие белегзии ќе го направат летото посебно.
Сите нараквици се рачно изработени и уникатни, така што никогаш нема да сретнете две исти од нив. При изработка на секоја од нив, се посветува големо внимание, така да секоја од нив има некоја своја приказна.
Тие се изработуваат со плетење, а потоа се украсуваат со прекрасни детали како разна мониста, разнобојни перли, школки, безвременски реси и кристали. Токму оваа уникатност во дизајнот ги прави посебни и не може да останат незабележани, бидејќи нивните весели и разиграни бои го надополнуваат секој стил.