Трендовите се вртат во круг. Затоа, чувајте ги како очите во главата сите омилени работи, бидејќи она што сега е модерно, можеби повторно ќе биде во тренд за една деценија или две.
Таков е случајот со гумените сандали што ги носевме како деца на море. Тие беа неопходен додаток на нашето детство, а ги штитеа нашите стопала од лизгање по карпите, камењата во плитко или не дај Боже, стоејќи на морски еж.
Сега, тие доживуваат голем камбек, а модната куќа Gucci им даде фенси име Gucci Jelly Crystal Cage сандали.
Се разбира, за нас, возрасните носталгичари, изработена е луксузна верзија со кристали и препознатливото престижно GG лого на едната сандала, додека другата има глава на тигар.
Додека ние ги купувавме за евтини пари, оваа луксузна верзија чини 650 долари :)*