Модната куќа Fendi го објави каталогот за колекцијата Resort 2019 година.
Линијата вклучува опуштени силуети кои со прилагодени на деталите кои креираат луксузни, но крајно удобни алишта.
Ги сакаме рамните фустани кои се нагласени со изрези околу вратот, иако, многу ни се допаѓаат и меките драпирани материјали.
Она што е фасцинантно во врска со овој моден бренд е тоа, што никогаш не отстапил од еклектицизам или експериментирање.
Секој моден изглед е комбиниран со спортски чорапи, сандали, штикли – металик сребрени или со златни каубојски чизми.
Секако, не се изоставени и аксесоарите во вид на препознатливите Fendi чанти и ранци со печатено FF лого.