Дигиталните дизајнери неодамна докажаа дека не постојат доволно метафори за опишување на социјалните мрежи, а новата изложба на Ben Frenly ни носи опиплив и не толку апстрактен поглед на најпознатите социјални платформи.
Благодарение на креативниот дизајн на овој уметник, имаме можност да ги видиме Facebook, Twitter, Instagram и Snapchat од еден сосема поинаков агол како добро познати предмети: мегафон, чинија, апарат за уништување на хартија и панорамски двоглед.
Оваа низа на дела не ги опишува социјалните медиуми на филозофско ниво, туку буквално ги опишува начините на кои ги користиме секојдневно.
Facebook е претставен како панорамски двоглед кој го користиме за скролање низ дигиталниот пејзаж.
Twitter како мегафон, ни дава шанса да го изнесеме своето мислење гласно, а единствената мана е фактот дека се што е кажано се пренесува во бесконечниот куп на # хаштагови.
Instagram е прикажан како чинија со силни симболи кои ги означуваат следбениците и лајкови со слоганот “Insta-Feed Your Ego”, алудирајќи на нашиот гладен его и постојаната потреба за внимание.
Можеби најдобро искористената метафора е она што Snapchat апликацијата претставува, како апарат за уништување на хартија, укажувајќи на ефектот на Snapchat содржината и самоуништување на пораките по одреден временски период.