Со својата најнова колекција, Christian Louboutin и оддава почит на долгата историја на брендот …
Колекција “Loubikraft”, содржи парчиња изработени од крафт-хартиени кеси и кутии за чевли, комбинирајќи го хартиениот материјал со познатиот црвен ѓон.
Во колекцијата се достапни силуети како класичните модели со високи потпетици, до глуждови и патики, а тука се и клач торбите со синџири кои ја комплетираат оваа понуда.
Моделите од оваа колекција идеално се комбиниранаат со пар фармерки за секојдневен изглед или со елегантен фустан за вечер. Понудените чевли се совршени за сите летни расположенија.