Целиот свет овие денови ги гледа фотографиите од овој стар грамофон, кој сите љубители на винил плочите сигурно би сакале да го поседуваат во нивниот дом.
Грамофонот на фотографиите изгледа како да е примерок на некој колекционер или од некоја музејска поставка.
Сепак, станува збор за ремек-дело на еден француски слаткар – Амаури Гишон, еден од највлијателните уметници во својата бранша. Всушност, тој е како чоколаден архитект. Практично, не постои предмет од чоколадо што овој човек не би можел да го направи.
Во својата кариера ја освоил титулата најдобар учиник во Франција, а бил главен шеф на многу водечки слаткарници, како што се Victor et Hugo во Paris, Lenotre во Cannes и Jean Philippe Patisserie во Las Vegas. Во моментов е активен како приватен консултант.
Погледнете колку фантастично изгледа графофонот од чоколадо, како и многубројни слатки скулптури што овој креативен млад човек ги направил.
.