Кинески научници создале тапети кои можат да детектираат оган и да активираат аларм ако се појави оган.
Незапаливата хартија е обложена со слој на мастило добиен од графит оксид. Кога се изложени на температури над 130 Целзиусови степени, сите елементи што содржат кислород од мастилото ќе изгорат, оставајќи го материјалот да ја спроведе електричната енергија. Ова согорување на кислород претставува струјно коло, кое потоа може да се поврзе со алармот, сигурносните светла, па дури и звучниот систем.
“Во споредба со запаливите комерцијални тапети, овој огноотпорен тип е далеку подобар, благодарение на иновативните технологии кои обезбедуваат висока отпорност на високи температури и активирање на алармните функции”, изјавил Џинг-Џи Жу од Шангајскиот институт за керамика.
Истражувачите веруваат дека новите sидни тапети наскоро ќе станат дел од многу апликации и дека, заедно со нивната декоративна вредност, ќе ги направат нашите домови побезбедни.